Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2018

Сензација во Германија: Ајнтрахт го победи Баерн во Купот на Германија

Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт се овогодишните освојувачи на Купот на Германија по изненадувачката победа над Баерн од Минхен.

Ајнтрахт во финалето ги совлада Баварците со резултат 3-1, а херој на победата беше двократниот стрелец Анте Ребиќ.
Сплиќанецот мрежата на голманот Свен Улрајх ја погоди во 11-тата и во 82-рата минута, а единствениот погодок за актуелниот шампион беше дело на Роберт Левандовски.
Конечниот резултат во шестата минута од продолжението го постави српскиот репрезентативец Мијат Гаќиновиќ.
Со тоа тренерот Нико Коваќ од Франкфурт се збогува со трофеј, бидејќи од следната сезона ќе седне токму на клупата на Баерн, а на идниот клуб му оневозможи да ја комплетира двојната круна.
За Ајнтрахт ова е петти трофеј во Купот на Германија.

Најнови вести