Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Баерн се крие од агентот на Левандовски

Ули Хенес рече дека менаџерот може да контактира со него само по втори септември, откако ќе заврши преодниот рок

Во Баерн Минхен немаат никаква намера да разговараат за продажба на Роберт Левандовски, а директорот Ули Хенесне сака ниту да се сретне со агентот на Полјакот. 
Израелскиот менаџер Пини Захави (човекот што посредуваше во трансферот на Нејмар во ПСЖ) имал четири-пет барања за средба со Хенес, но тој го одбил и му порачал дека може да се видат само по втори септември, еден ден откако ќе заврши преодниот рок во цела Европа. Од Баерн даваа изјави дека не би го продале својот прв напаѓач ниту за 150 милиони евра. 
Тренерот Нико Ковач изјави дека му треба Левандовски и оттогаш управата избегнува секаков контакт со агентот Захави, за кого мислат дека лошо го советува Роберт.
„Ако Роберт не го слуша менаџерот, може да биде еден од најдобрите играчи во историјата на Баерн“, вели Хенес.  
Интерес за Левандовски имаше од Реал Мадрид. Договорот со „баварците“ му е до 2021 година, а тогаш би имал 33 години. 

 

Најнови вести