Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2018

Баерн Минхен му објави „војна“ на ПСЖ за потписот на Ракитиќ

Хрватскиот репрезентативец е голема желба на два европски гиганти, но Барса не разсмилува за продажба на својата ѕвезда

По одличната сезона во дресот на Барселона, Ракитиќ ја продолжи формата и на Светското првенство во Русија, каде беше меѓу најзаслужните што Хрватска стигна до финалето на мундијалот.

ПСЖ сериозно се интересира за одличниот плејмејкер, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Баерн Минхен. Предводникот на „баварците“, Нико Ковач, многу добро ги познава квалитетите на својот сонародник, па со негов евентуален ангажман клубот би бил многу поконкурентен во Лигата на шампиони за претстојната сезона. 

Меѓутоа, раководството на Барселона нема намера да се откаже од својот играч, па испратија иста порака како и на „светците“, доколку некој го сака Ракитиќ, ќе мора да ја активира клаузулата вредна 125 милиони евра.

Германскиот шампион летово не потроши ниту едно евро за засилувања, а пртистигна Леон Горецка од Шалке како слободен играч. „Баварците“ никогаш не се обидувале да реализираат трансфер за сума од 100 милиони евра, меѓутоа сето тоа може да се смени во следниот период. 

Евентуалниот трансфер на Ракитиќ зависи и од продажбата на Тијаго Алкантара, кој во изминативе неколку дена се поврзува со Реал Мадрид и можна преселба на „Сантијаго Бернабеу“.

Најнови вести