Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2016

Нури ќе го води Вердер до крајот на сезоната

Фудбалскиот клуб Вердер од Бремен соопшти дека Александер Нури ќе биде тренер на клубот до крајот на сезоната.

Нури, кој беше привремен тренер по смената на Виктор Скрипник, со Вердер освои четири бода во три натпревари.
Скрипник, кој во Бремен беше две децении како играч и како тренер, претрпе четири последователни порази на почетокот на сезоната.
„Нури во претходните неколку седмици покажа дека може добро да работи со тимот и поради тоа одлучивме дека заслужува шанса да продолжи“, изјави Франк Бауман, спортскиот директор на клубот.
Вердер моментно се наоѓа на 15-тото место на табелата на Бундеслигата со четири освоени бодови.

Најнови вести