Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2013

Ди Санто нов напаѓач во Вердер

Германскиот фудбалски прволигаш Вердер од Бремен ги засили своите редови со доведувањето на 24-годишниот аргентински напаѓач Франко ди Санто, кој потпиша тригодишен договор.

„Баравме робустен напаѓач кој има искуство од играње во големите лиги. Сигурни сме дека сме пронашле добро решение со Франко“, изјави спортскиот директор на Вердер, Томас Ајхин.
Ди Санто во Вердер доаѓа како слободен играч, откако во англиската Премиер лига играше за Челзи, Блекбурн и Виган.
Доаѓањето на 193 сантиметри високиот Ди Санто во Вердер би можело да значи крај во клубот за Австриецот Марко Арнаутовиќ, кој на крајот на минатата сезона дојде во немилост на управата поради своето однесување.
Во дресот на аргентинската репрезентација Ди Санто досега настапи на два натпревари.

Најнови вести