Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2013

Папастатопулос во Борусија Дортмунд

Сократис Папастатопулос, грчкиот фудбалер и неодамнешен член на Вердер Бремен, потпиша петгодишен договор со Борусија од Дортмунд.

Финансиските детали од трансферот, во согласност со договорот на германските клубови, не се објавени, но се шпекулира дека играчот е вреден десет милиони евра.
„Дојде време да направам чекор понатаму во кариерата, и тоа е она што го направив сега“, изјави 24-годишниот грчки одбранбен фудбалер кој во текот на кариерата беше член на Милан, на Џенова и на АЕК од Атина.
Папастатопулос има 24 години, а во претходните две сезони за Вердер одигра 61 натпревар и постигна два гола. Пред Борусија, го сакаше и Баер Леверкузен. За државниот тим на Грција дебитираше во 2008 година, а досега одигра 37 натпревари.
Јирген Клоп, тренерот на Борусија Дортмунд, рече дека клубот сè уште нема добиено официјална понуда од Баерн Минхен за напаѓачот Роберт Левандовски. „Вестфален“ ќе го напушти Марио Гетце, кој ќе премине во Баерн за 37 милиони евра.
Борусија во саботата беше поразена во финалето на Лигата на шампионите од Баерн Минхен (2-1), а не е исклучено дека во летниот преоден рок ќе ја напуштат уште неколку важни играчи, меѓу кои и Матс Хумелс.

Најнови вести