Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2018

Клоп: Прва година во која не сме продале клучни играчи

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека се надева дека неговиот тим ќе биде меѓу конкурентите за шампионската титула во Премиер лигата по засилувањата кои пристигнаа ова лето.

„На „Енфилд роуд“ веќе дојдоа Кејта, Фабињо и Шаќири. Вчера беше објавено дека е комплетиран трансферот на Алисон од Рома. Претходно договорите ги продолжија Салах и Фирмино.
„Не сум сосема сигурен, но ова е можеби прва година во која не сме продале клучни играчи. Секогаш имаше многу промени, во двете насоки. Сега овој преоден рок поминува еднонасочно. Ако не купувате играчи, мора самите да градите голем тим. Тоа значи дека екипата мора да остане цела, повремено некој да дојде и комплетниот тим да се подготви за чекор понатаму“, изјави менаџерот на Ливерпул.
„Играчите знаат дека ни е потребен квалитет и дека ако освоиме нешто, тоа ќе го направиме со 25 фудбалери. Тоа е она што го чувствуваме“, додаде Клоп.
Прв ривал на „црвените“ во новата сезона ќе им биде Вест хем на 12-ти август.

Најнови вести