Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2018

Клоп: Ова и понатаму е фантастичен резултат. Мо? Каков играч

Иако Ливерпул прими два гола во завршницата на полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите, кои на Рома ѝ даваат надеж дека може да направи пресврт на „Олимпико“, Јирген Клоп, менаџерот на „црвените“, изјави дека е задоволен од првиот натпревар.

Првите 80 минути од натпреварот меѓу Ливерпул и Рома делуваа фантастично за тимот од „Енфилд роуд“. Водеа со 5-0, но грешката на Дејан Ловрен и пеналот за Рома сепак ѝ оставија надеж на „волчицата“  дека може да дојде до финалето на Лигата на шампионите.
„Тоа беше перфектна игра во првите 80 минути. Потоа се случи една дефанзивна грешка, која Един Џеко ја искористи. Тоа се правилата на натпреварувањето, секој гол што ќе го дадете може многу да ви помогне. Сите ќе се согласиме дека пеналот не беше баш пенал и дека немаше играње со рака, но тоа е тоа и резултатот е 5-2“, изјави Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул.
„Би бил многу посреќен со 5-0 или со 5-1, но и овој е фантастичен резултат. Не верував дека ова воопшто е можно, но момчињата беа многу добри и сега на гостувањето ќе одиме да победиме. Игравме одлично, можевме да дадеме уште голови, и сето тоа е позитивно, но примивме два гола и тоа не делува баш добро“, додаде Клоп, кој даде коментар и за повредата на Алекс Окслејд-Чемберлен.
„Не изгледа добро, а кога тоа можете да го кажете и пред скенирањето и снимањето, тогаш тоа не се добри вести. Неговото отсуство ќе биде голем проблем за нас“, додаде германскиот менаџер, кој изјави пофални зборови за Мохамед Салах.
„Првиот гол беше генијален, му се случуваше и порано да дава такви голови и тие не се случајност. Кај вториот гол беше смирен, па потоа создаде уште два. Каков играч, ако мислите дека е најдобар на светот, напишете го тоа или кажете го. Јас само ќе речам дека ова е играч од светска класа. За да бидете најдобар на светот, морате да бидете добри во малку подолг период. Овие двајца (Роналдо и Меси) не се лоши“, изјави Клоп.

Најнови вести