Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Клоп: Ние сме како Роки Балбоа, а не Иван Драго

Ливерпул треба да биде главен ривал на Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата

Ливерпул речиси три децении чека за повторно да се израдува на титулата во англиското првенство. Тимот од „Енфилд Роуд“ е еден од главните ривали на Манчестер Сити во трката за трофејот. 
Во летниот преоден рок, во редовите на Ливерпул дојдоа неколку нови играчи кои треба да бидат засилување во обидот да се оствари сонот, односно да се освои првиот трофеј, откако е формирана Премиерлигата. Менаџерот Јирген Клоп верува дека навивачите на крајот од сезоната може да се израдуваат, но уште е рано да се размислува за такво нешто. 
„Планот е да се бориме за титулата. Сакаме да бидеме шампиони на Англија, но што е со останатите клубови? Манчестер Сити е шампион, не загубија ниту еден играч, а го доведоа Марез. Воопшто не се слаби. Ние сме уште како Роки Балбоа, а не Иван Драго. Ние сме тие кои мораме да дадеме повеќе и тоа мора да биде нашиот став“, рече Клоп сакајќи да направи споредба, вклучувајќи ги и ликовите од култниот акционен филм „Роки“.
Во првото коло од Премиер лигата, Ливерпул на свој терен ќе игра против Вест Хем.

 

Најнови вести