Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Проблеми за Мурињо, Клоп, Сари...

После четири жолти картони, во Премиерлигата ќе следува суспензија за немирните тренери

Англиската Премиерлига одлучи во претстојната сезона да воведе нови казни за тренерите кои нема да се однесуваат во согласност со правилата на спортскиот фер-плеј. Челниците на една од најсилните фудбалски лиги на светот, дојдоа на идеја како да ги смират темпераментните менаџери, па од сезоната 2018/2019 натаму, судиите ќе можат да им покажуваат жолти и црвени картони на немирните стратези на тимовите.
Јавни опомени ќе се добиваат за непримерен речник и гестикулации кон судиите, шутирање и фрлање на шишиња со вода, доколку тренерот се кара со судијата барајќи противнички играч да добие картон, како и за саркастично аплаудирање после донесена одлука од страна на главниот судија. 
Новина е и тоа што доколку некој тренер добие четири жолти картони во текот на сезоната, автоматски ќе биде суспендиран, и тоа од еден до дури 16 натпревари. 
Ќе биде интересно како во претстојната сезона ќе се однесуваат темпераментните стратези како Жозе Мурињо, Јирген Клоп, Маурицио Сари, кои се познати како луѓе кои никако не се помируваат со судиски одлуки кои не им со волја. 


 

Најнови вести