Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2018

Повредата на Окслејд-Чемберлен изгледа многу сериозно

Алекс Окслејд-Чемберлен доживеа повреда во текот на првото полувреме од полуфиналниот натпревар на Лигата на шампионите, во којшто Рома гостуваше кај Ливерпул.

Алекс Окслејд-Чемберлен се повреди по еден, на прв поглед малку погруб, но безопасен судир со Александар Коларов, па мораше да го напушти теренот и откако му беше укажана помош, беше изнесен.
Во првото интервју по натпреварот Јирген Клоп изјави дека повредата е тешка.
„Се чини дека повредата на Окслејд-Чемберлен е многу сериозна. Знаете и самите што значи тоа ако вакво нешто можам да кажам пред деталните прегледи. Тоа никогаш не се добри вести. Тоа за нас ќе биде проблем бидејќи во овој момент не можеме да доведуваме играчи, така што ќе мораме да бидеме креативни во последните натпревари во сезоната, а сите тие натпревари се важни“, изјави Германецот, кој не наведе за каква повреда точно се работи.
Ваквата изјава би можела да значи дека сезоната за Окслејд-Чемберлен е завршена, но и дека е под знак прашалник неговиот настап на претстојното Светско првенство во Русија. Окслејд-Чемберлен го пропушти и Мундијалот во Бразил пред четири години поради повреда на коленото со која се здоби на подготвителните натпревари.
Сè ќе биде појасно во текот на денот, кога играчот ќе ги направи сите прегледи.

 

Најнови вести