Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2012

Хокеарски менаџер нов спортски директор на Вердер

Вердер од Бремен го ангажира Томас Ајхин, поранешен играч и сегашен менаџер на хокеарски тим од Келн, за нов спортски директор.

Тој ќе ја преземе функцијата која до ноември оваа година ја извршуваше Клаус Алофс, од неодамна спортски директор на Волфсбург.
Ајхин, кој како одбранбен играч настапуваше за Менхенгладбах во периодот од 1985 до 1996 година, досега работеше како менаџер на хокеарскиот тим Ајкули од Келн.
Тој ќе го води тимот до крајот на хокеарската сезона, кога ќе се пресели во Бремен.

Најнови вести