Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2016

Ширле во Борусија Дортмуд до 2021 година

Германскиот фудбалски репрезентативец Андре Ширле го напушти Волфсбург и ја засили Борусија Дортмунд, потврди германскиот клуб. Ширле со „милионерите“ потпиша договор до 2021 година и така му се придружи на соиграчот од репрезентацијата, Марио Гетце, кој се врати во Борусија.

„Борусија е еден од најдобрите клубови во Европа и има многу силен тим. Знам од искуство каква сила има Борусија во интеракцијата со навивачите и се радувам што за прв пат ќе го почувствувам тоа во црно-жолтиот дрес. Едвај чекам да започнам со тренинзите и да ги убедам сите во клубот дека ја направија вистинската работа кога ме ангажираа“, изјави 25-годишниот фудбалер за интернет страницата на клубот.
Ширле во текот на кариерата настапуваше за Мајнц, Баер Левркузен и Челзи, пред во јануари минатата година да дојде во Волфсбург, за кој запиша 63 настапи со 13 голови.
Со Волфсбург го има освоено Купот и Суперкупот на Германија, додека со Челзи ја освои титулата во Премиер лигата и Лига купот.
Дресот на репрезентацијата на Германија го носеше 55 пати, постигна 20 голови и го освои Светското првенство во 2014 година.

Најнови вести