Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2013

Вердер неколку седмици без Јунузовиќ

Германскиот фудбалски бундеслигаш Вердер од Бремен неколку седмици ќе остане без услугите на вредниот австриски играч за врска Златко Јунузовиќ.

Австрискиот репрезентативец заработи фрактура на стапалото, па според првите проценки, од теренот ќе отсуствува подолго време.
„Веста е многу разочарувачка, бидејќи тој е еден од нашите најдобри играчи. Не знам уште колку долго ќе отсуствува, но сигурно нема да игра неколку седмици“, изјави Робин Дут, тренерот на Вердер.
Дваесет и петгодишниот Јунузовиќ оваа сезона во четири бундеслигашки средби постигна еден погодок.

Најнови вести