Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2013

Торстен Фрингс ја заврши фудбалската кариера

Торстен Фрингс, 36-годишниот некогашен германски репрезентативец, се одлучи за крај на кариерата, а една од причините е и актуелната повреда на колкот која му пречи подолго време.

Од 2011 година Фрингс настапуваше за Торонто, клуб од МЛС-лигата, каде што со време ја заслужи и капитенската лента, додека најдлабока трага во кариерата остави во Вердер од Бремен, каде што играше во два наврати, меѓу 1997 и 2002 и меѓу 2005 и 2011 година, а во тој период собра 326 бундеслигашки настапи и притоа постигна 36 голови.
Во меѓувреме настапуваше и за двата најсилни германски клубови, Баерн Минхен и Борусија од Дортмунд, а одигра и 79 натпревари за германската репрезентација и постигна десет погодоци.
Овој играч за врска најави враќање во својот Вердер, каде што има намера да посетува и да заврши тренерска школа и понатаму да остане инволвиран во фудбалот.

Најнови вести