Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2012

Пизаро во историјата на Бундеслигата

Перуанскиот напаѓач Клаудио Пизаро влезе во историјата на бундеслигата како странец со најмногу одиграни натпревари во елитниот ранг на германскиот фудбал.

Пизаро вчера вечерта во дресот на Баерн Минхен го одигра 337-от натпревар во Бундеслигата, со што го престигна досегашниот рекордер, Бразилецот Зе Роберто, но и Грузиецот Леван Кобијашвили.
На листата со странци по број на натпревари во Бундеслигата следуваат Сергеј Барбарез со 330 натпревари, Оле Бјорнмосе (323), Деде (322), Хасан Салихамиџиќ (321) и Пабло Тијам (311).
Триесет и четиригодишниот Пизаро во Бундеслигата е дури 13 години, а прв клуб му беше Вердер од Бремен. Во Баерн прв пат отиде во 2001 година.
Во Минхен помина шест сезони пред да замине во Челзи од Лондон, од каде што се врати во Вердер. Летово повторно од Бремен се пресели во Минхен.
Како член на Баерн во првиот ангажман освои три шампионски титули, Купот на Германија, Суперкупот, како и Интернационалниот куп. Како репрезентативец на Перу постигна 16 голови на 61 натпревар.

Најнови вести