Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2015

Клаудио Пизаро трет пат во Вердер

Искусниот перуански напаѓач Клаудио Пизаро оваа сезона, по трет пат во кариерата, ќе ги брани боите на Вердер од Бремен, соопшти германскиот Бундеслигаш.

Пизаро ги помина медицинските прегледи и се очекува наскоро да му се придружи на тимот. Тој е најдобар странски стрелец на сите времиња во Бундеслигата со 176 голови на 383 натпревари.
Тој ќе потпише договор до крајот на сезоната, како слободен играч, откако му истече договорот со Баерн Минхен.
Пизаро, кој следниот месец ќе наполни 37 години, за Вердер првпат играше во периодот од 1999 до 2001 година, а потоа од 2008 до 2012 година. Пизаро во кариерата играше и за Челзи, од 2007 до 2009 година.
Вердер од почетокот на сезоната постигна само три гола во три натпревари и моментно се наоѓа на 11-тото место на табелата и има четири бода.

Најнови вести