Корисничко име Лозинка Пријави се
11.10.2012

Вердер шест седмици без Фриц

Клеменс Фриц, капитенот на Вердер од Бремен, ќе паузира околу шест седмици поради повреда на препоните, соопшти германскиот клуб.

Во соопштението се наведува дека 31-годишниот дефанзивен играч вчера го прекина тренингот поради болките што ги почувствувал додека вежбал центаршутови.
Вердер од седум кола на Бундеслигата оваа сезона има седум бодови и моментно е 12-ти на табелата. Повредата на Фриц би можело дополнително да ја ослаби несигурната одбрана, која оваа сезона прими 13 голови и е меѓу најлошите во лигата.

Најнови вести