Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2012

Вердер донесе нов центарфор

Четиригодишен договор со Вердер Бремен потпиша нигерискиот напаѓач на Клуб Бриж, Џозеф Акпала.

Дваесет и шестгодишниот Нигериец ги помина лекарските прегледи, а Вердер за него плати 1,5 милиони евра.
Акпала има седум настапи во дресот на нигериската репрезентација, а за Клуб Бриж во белгиското првенство минатата сезона настапи 27 пати и постигна 13 голови. Во Белгија настапува шест години и собра 166 лигашки настапи и 63 постигнати голови.

Најнови вести