Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Реал има „План Б“ по заминувањето на Ковачиќ

Решението за проблемот во средниот ред можеби е млад Уругваец

Доколку не најде соодветно и не многу скапо засилување за пополнување на средниот ред по заминувањето на Матео Ковачиќ во Челси, тогаш Реал Мадрид како алтернатива на Лука Модриќ во средниот ред ќе го користи Уругваецот Федерико Валверде. Ова 20-годишно момче ги има минато сите категории во уругвајската репрезентација, има четири настапи и за сениорскиот национален тим на оваа јужно-американска земја, а во Реал дојде во 2016 година. Една сезона мина во Реал Мадрид Б, а во минатата сезона играше како позајмен за Депортиво Ла Коруња. 
Валверде се појави на речиси сите мечеви на Реал во подготвителниот период, и покажа дека има брзина и силен шут, па би можел да биде алтернатива која заслужува шанса. 
Италијанските медиуми објавија дека Јувентус одбил понуда од Реал за Миралем Пјаниќ, вредна 60 милиони евра. Ако „кралскиот клуб“ не купи некој проверен играч до крајот на преодниот рок, тогаш место во првиот тим ќе има и за Валверде. Реал за Ковачиќ плати 30 милиони евра, и не сака да плати многу повеќе од таа сума. 

 

Најнови вести