Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Барселона подготвува нов договор за Ернесто Валверде

На шпанскиот стратег му преостанува уште една година од договорот со Kаталонците

Барселона сака да го осигура Ернесто Валверде со нов повеќегодишен договор. На шпанскиот стратег му преостанува уште една година од договорот, односно претстојнава сезона, но со можност да се активира клаузулата која би го обврзала Валверде на уште една година на клупата на Kаталонците. Сепак, раководството на шпанскиот првак сака да се осигури дека стратегот ќе ја предводи Барселона кон нови успеси уште долги низа години, како што го направи тоа лани.

Засега не се знае на колкаво времетраење би се продолжила соработката, додека преговорите за новиoт договор ќе започнат во септември, евентуално на почетокот на октомври.

Валверде во дебитантската сезона како предводник на тимот од „Камп ноу“ ја освои двојната круна во Шпанија, додека претрпе елиминација од Рома во четврт-финалето од Лигата на шампиони.

Најнови вести