Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2017

Хаос во Бриж, реми на Ајакс и Ница

Двата најинтересни натпревари од третото коло во квалификациите за Лигата на шампионите вчера ги одиграа Ајакс против Ница и Клуб Бриж и Башакшехир.

Ница и Ајакс ремизираа 1-1 во натпреварот во којшто Марио Балотели ја доведе Ница во водство во 32-та минута, а само по пет минути во продолжението на средбата гол постигна Дони Ван де Бек и на Ајакс му донесе изедначување.
Клуб Бриж во воведните 16 минути од првото полувреме најави дека тоа би можело да биде потоп за Истанбул. Мосоро и Елија за половина час во продолжението направија пресврт на резултатот, а Бриж се најде во небрано. Но, Белгијците со вториот гол на Денсвил изедначија 3-3 и успеаја да му земат бод на тимот од Истанбул.
Подмладената екипа на Марибор го совлада исландскиот Хафнарфјодур во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите со 1-0. 
Астана ја победи полската Легија со 3-1. Шкотскиот Селтик натпреварот против норвешкиот Розенборг го одигра со резултат 0-0, бугарскиот Лудогорец изгуби со 0-2 од израелската екипа Хапоел Бер Шева, па реваншот во Разград ќе го чека со резултатски дефицит.
Динамо Киев и Јанг бојс одиграа 3-1, па швајцарскиот клуб е во тешка ситуација пред реваншот, додека во малку подобра се наоѓа кипарскиот АПОЕЛ, кој со 0-1 изгуби од романскиот Виторул.

Најнови вести