Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2018

Бартомеу: Валверде останува, нема дилеми

Хосеп Марија Бартомеу, првиот човек на Барселона, изјави дека Ернесто Валверде и наредната сезона ќе го предводи каталонскиот клуб од клупата.

Имаше тврдења дека останувањето на Валверде е под знак прашалник, и покрај освоената двојна круна, но Бартомеу во разговор за РАЦ1 изјави дека Барселона ова лето нема да го менува тренерот.
„Задоволни сме со Валверде. Среќни сме што ја освоивме двојната круна. Дали Валверде и наредната сезона ќе ја тренира Барселона? Да. Не ми ни паднало на памет дека нема. Тој сака да остане. Умтити? Тој има договор. Преговорите за продолжување се во тек. Дали ќе си замине Дембеле? Тоа моментно не е тема. Кога ќе заврши сезоната, ќе разговараме за тоа. Тој е наша инвестиција за во иднина. Многу е млад и многу очекуваме од него? Нејмар? Нека оди во Реал ако сака, ќе играме против него. Нè изненади со неговото заминување“, изјави Бартомеу.

Најнови вести