Корисничко име Лозинка Пријави се
19.10.2017

Меси стигна до стотка во Лигата на шампионите

Лионел Меси постигна сто гола во европските клупски натпреварувања откако беше стрелец во победата на клубот против Олимпијакос (3-1) во третото коло на Лигата на шампионите.

Освен на Меси, тоа му успеа само уште на Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал Мадрид.
Барселона синоќа, на домашен терен го победи Олимпијакос со 3-1 во натпреварот од третото коло на групата Д во Лигата на шампионите, а Меси постигна гол од слободен удар во 61-вата минута.
Голманот Силвио Прото ја имаше токата на рацете, но не успеа да го одбрани ударот на Аргентинецот. Со тоа Меси постигна 97 погодоци во Лигата на шампионите, додека три постигна во Суперкупот на Европа.
На Меси тоа му успеа во 122 европски клупски натпревари, односно на 21 натпревар помалку отколку што му беа потребни на Роналдо во април да го постигне стотиот гол во европските натпреварувања. Роналдо во 151 европски натпревар постигна 113 голови.
Трет најдобар стрелец во европските клупски натпреварувања е Раул, легендарниот капитен на Реал, со 76 голови.
„Бројките го зголемуваат она што ние го гледаме од ден во ден. Меси продолжува да ги остварува целите коишто се чинеа невозможни“, изјави Ернесто Валверде, тренерот на Барселона.
По три одиграни кола, Барселона ги има сите три победи во групата Д, а синоќа ја продолжи низата од 23 натпревари без пораз на „Камп ноу“ во Лигата на шампионите. Олимпијакос е последен на табелата без бодови, Јувентус има шест, а Спортинг од Лисабон три бода.

Најнови вести