Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2018

Клуб Бриж шампион на Белгија, за Андерлехт неизвесна Лигата на шампионите

Фудбалерите на Клуб Бриж ја освоија шампионската титула на Белгија откако во претпоследното коло на шампионатот ремизираа 1-1 со најблискиот ривал Стандард од Лиеж.

На Клуб Бриж ова му е втора шампионска титула во последните три години, а вкупно 15-та, и ќе игра во групната фаза на Лигата на шампионите во наредната сезона.
Бриж пред последното коло има 46 освоени бода, односно недостижни четири повеќе од Стандард.
Андерлехт, кој се наоѓа на третото место на табелата на белгискиот шампионат, има 40 бода, два помалку од Лиеж.
Андерлехт и Стандард ќе мора во последните 90 минути да водат борба за позицијата која води во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во последното коло Андерлехт го чека петтопласираниот Генк, додека Стандард ќе гостува кај шестопласираниот Шарлроа.

 

Најнови вести