Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2012

Розенборг нов фудбалер на Вест Бромич

Шведскиот фудбалер Маркус Розенборг потпиша тригодишен договор со англискиот премиерлигаш Вест Бромич албион.

По пет години поминати во бундеслигашот Вердер Бремен, Розенборг конечно се реши да ја напушти Германија и да се проба во англиската Премиер лига. Дваесет и деветгодишниот Швеѓанец минатата сезона постигна 10 голови за Вердер, но тоа не беше доволно клубот од Вердер да му понуди нов договор, а тимот од Бирмингем веднаш го стори тоа.
„Имаше понуди од Шпанија, Германија, Турција, Русија и Кина, но драго ми е што нè одбра токму нас“, изјави спортскиот директор на Вест Бромич.
Розенберг во Вердер дојде во 2007 година од Ајакс, а пред тоа настапуваше за шведските клубови Малме и Халмштад. За репрезентацијата на Шведска настапи 33 пати и има постигнато шест голови.

Најнови вести