Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2016

Честер: Англичаните немаат никој како што е Бејл

Дефанзивниот играч Џејмс Честер призна дека Англичаните поседуваат многу талентирани и квалитетни играчи, но дека неговиот соиграч Герет Бејл е на повисоко ниво.

Англија може да се пофали дека во својот тим има извонредни напаѓачи како што се Хари Кејн, Џејми Варди, како и рекордерот по бројот на голови во дресот на „гордиот Албион“, Вејн Руни.
Џејмс Честер верува дека ниту еден англиски играч не е посебен како што е Бејл.
„Имаат многу таленти во нападот, но мислам дека немаат ништо слично како Герет. Тој е посебен играч кој е на највисоко ниво“, истакна Честер, кој смета дека сепак Англичаните имаат слабост и дека сепак неговиот тим има шанса.
„Ако имаат некоја слаба точка, тогаш тоа е во одбраната. Мораме да играме цврсто и со самодоверба, а шансите ќе дојдат“, заклучи играчот на Вест Бромич албион.

Најнови вести