Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Видете во која земја кога завршува преодниот рок

Англичаните може да купуваат до утре, Италијанците уште околу една недела, Португалците дури до 21 септември

Трансферите на фудбалерите предизвикуваат големо внимание секое лето, па така и ова, но наместо стандарниот термин, последната минута од 31 август, годинава преодните рокови во некои земји не завршуваат тогаш, па трката по доведување на играчи тоа ја прави уште поинтересна. 
Преговорите, договорите, пропаднати трансфери, сето тоа го окупира интересирањето на љубителите на фудбалот, главни ѕвезди се играчите и нивните менаџери, но полека доаѓа период кога сите тие приказни мора да бидат завршени. Утре во 18 часот, завршува преодниот рок во Англија, па денеска и утре, може да се официјализираат голем број на договори. 
Освен во Англија, каде преодниот рок завршува на 9 август, нестандардни термини има и во Италија (17 август) и во Португалија, каде може да се носат играчи дури до 21 септември. Во останатите земји, преодниот рок трае до добро познатиот термин, 31 август, 23.59 часот. 


 

Најнови вести