Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Кој ќе шутира пенали во Реал Мадрид?

Само тројца играчи извеле повеќе од еден пенал во ерата на Кристијано Роналдо

Едно од прашањето кои ги интересираат љубителите на фудбалот е кој играч ќе ги изведува пеналите за Реал Мадрид во претстојната сезона. Од летото 2009 година до пролетоска се знаеше кој е главен пеналџија во тимот и само кога Кристијано Роналдо не беше на терен, некој друг изведуваше удар од белата точка. 
Сега во Реал веќе го нема „Пеналдо“, а според „Трансфермаркет“, главни кандидати за негови наследници се тројца фудбалери. Тоа се тројцата кои извеле повеќе од еден пенал во изминатите девет сезони додека Роналдо го носеше белиот дрес. 
Прв кандидат е Герет Бејл. Велшанецот како играч на Реал шутнал три пенали и сите три ги погодил. Тој, како најскап играч, треба да биде главен носител во тимот и важи за фаворит за прв изведувач на пенали. Но, тука е и неговиот партнер од напаѓачкиот ред, Карим Бензема. И Бензема има три гола од три пенали за Реал. 
Но, всушност, капитенот Серхио Рамос е човекот кој извел најмногу пенали за Реал од 2009 наваму, и тоа седум. Постигнал 5 гола, а двапати бил непрецизен. Можеби тие две утки го ставаат во втор план зад Бејл. По еден пенал во минатото шутирале Лукас Васкез, Марсело, Иско и Марко Асенсио, и сите биле прецизни. 

 

Најнови вести