Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.8.2018

Меч на денот – Хал и Астон Вила чекаа еден век за понеделничка премиера во Англија

Поранешните премиерлигаши Хал и Астон Вила вечерва од 20,45 часот го играат последниот меч од првата рунда во Чемпионшип, а и двете екипи по повеќе од еден век дочекаа понеделничка премиера во некое од англиските натпреварувања

Дуелот што ќе се игра во Јоркшир е дерби на првото коло, во втората по ранг англиска лига, популарниот Чемпионшип, па бодовите се исклучително важни. Хал последен пат премиерен меч во една сезона играл во понеделник во сезоната 1907/08, а фудбалери на Астон Вила такво искуство за последен пат имале во сезоната 1913/14.
Двете екипи имаат доста меѓусебни дуели. Хал има катастрофален биланс и само една победа против денешниот ривал во последните 14 меча.
Проблем за домаќините ќе биде отсуството на двајцата играчи што  настапија на Мундијалот во Русија, Камил Гросицки и Џексон Ирвајн. Тие нема да бидат во составот на Хал денеска, заедно со Ондреј Мазух и Џејмс Вир. Тоа е хендикеп за Хал, па Астон Вила ја има улогата на фаворит и за победа на гостите коефициентот во нашата понуда е 2,55. За нерешено „квотата“ е 3,15, а евентуална победа на домашниот тим Хал се вреднува со коефициент 2,80.

 

Најнови вести