Корисничко име Лозинка Пријави се
02.8.2018

Саутгејт има „недовршена“ работа со Англија

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација ќе стави потпис на нов четиригодишен договор

Соработката помеѓу Герет Саутгејт и Англија ќе трае уште најмалку четири години. Предводникот на „гордиот Албион“ ќе го стави својот потпис на нов четиригодишен договор, со кој ќе добие и значително зголемување на платата од 2,5 милиони фунти на 4 милиони фунти годишно.

Фудбалската федерација на Англија е презадоволна од начинот на кој Саутгејт ја предводеше нивната селекција до четвртото место на изминатото Светско првенство во Русија и при тоа надминувајќи ги очекувањата, па сосема заслужено останува на кормилото на Англичаните.

 

Најнови вести