Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Номинации на УЕФА: За голот на Бејл нема место меѓу најдобрите

Вкупно 12 погодоци ќе конкурираат во изборот за најдобар

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави номинациите за головите за кои ќе се гласа во изборот за најдобар. Како главен фаворит за освојување на оваа награда е погодокот на Кристијано Роналдо кој го постигна во четвртфиналето од Лигата на шампиони против Јувентус, кога погоди со „ножички“. 
Помалку чудно, но вистинито, во изборот од 12 погодоци немаше место за голот кој го даде Герет Бејл, во финалето на ЛШ против Ливерпул. И Бејл даде погодок со „ножички“ и во многу нешта наликува на тој на Роналдо, само што ова беше во финале, односно меч кој одлучува за титулата. И покрај тој факт, Бејл не е меѓу номинираните. 
Димитри Паје е на листата со голот кој го даде за Олимпик Марсеј во дуелот против Лајпциг, во меч од Лигата на Европа. Во номинациите има и фудбалерки, како и фудбалери од младинските категории, за играчи до 19 и до 17 години. 

 

Најнови вести