Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
16.4.2018

Ноќен кошмар на „Олд Трафорд“ – Вест Бромич го круниса Сити

Фудбалерите на Вест Бромич албион го шокираа Манчестер јунајтед со минималната победа на „Олд Трафорд“.

Вест Бромич албион со тоа го круниса Манчестер сити, градскиот ривал на Јунајтед, за шампион на Премиер лигата во сезоната 2017/18.
Јунак на „граѓаните“ вчера беше Џеј Родригес, кој на средината на второто полувреме го матираше Давид де Хеа, откако топката на пет метри му ја испрати Немања Матиќ.
Вест Бромич прв пат по десет кола, и по 13-ти јануари ги задржа минималните шанси за опстанок во елитата.
Тимот од Бирмингам и понатаму е последен на табелата, со девет бода зад Свонси, најблискиот тим од сигурната зона, па ќе мора да победи во сите четири последни натпревари и да се надева на порази на „лебедите“.
Јунајтед остана на 16 бодови зад недостижниот Сити, а на еден пред третопласираниот Ливерпул.
Манчестер сити по петти пат во историјата стана шампион на Англија, трет пат во оваа деценија, а прв во ерата на Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ до титулата на Премиер лигата стигнаа на импресивен начин на пет натпревари пред крајот на сезоната, пред најголемиот ривал Јунајтед.
Тимот на Гвардиола забележа 28 победи во 33 кола, со импресивна гол-разлика 93:63, а од поединците се истакнаа Серхио Агуеро со 21 и Рахим Стерлинг со 17 гола.
На Сити ова му е втор трофеј во тековната сезона бидејќи претходно го освои и Лига купот. Гвардиола дојде до 24-тиот трофеј во текот на десетгодишната тренерска кариера. Седми пат стана шампион на држава, трета по Шпанија и Германија.
„Граѓаните“ титулата ќе ја прослават на домашен терен против Свонси на 22-ри април, а до крајот на сезоната ќе играат со Вест хем во Лондон, со Хадерсфилд и Брајтон на домашен терен и со Саутхемптон во гости во последното коло.

 

Најнови вести