Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2018

Премиер лига: Азар блесна против Вест Бромич

Екипата на Челзи со 3-0 го победи Вест Бромич албион во последниот натпревар од 27-мото коло на Премиер лигата.

Избраниците на Антонио Конте ја прекинаа серијата од два порази по ред откако пред домашната публика рутински ја совладаа последнопласираната екипа на шампионатот.
Ова беше 16-та победа за клубот од Лондон, додека Албион го доживеа 13-тиот пораз.
Челзи до водство дојде во 25-тата минута, кога Азар и Жиру феноменално се комбинираа. Белгиецот му ја додаде топката на Французинот, а тој само повторно му ја испрати на Азар, кому не му беше тешко да го совлада Фостер. Со овој резултат се замина на пауза.
Во продолжението на натпреварот „сините“ постигнаа уште два гола. Мозес во 63-тата минута го искористи одбивањето во одбраната на Вест Бромич, потоа излезе сам пред голманот и топката ја испрати зад неговиот грб.
Конечниот резултат го постави одличниот Еден Азар. Белгиецот ја турна топката во просторот и потоа со силен удар со левата нога го матираше Фостер. До крајот на натпреварот немаше гол, па Челзи заслужено дојде до триумф.

Најнови вести