Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2015

Голема казна за Хунтелар

Германскиот фудбалски сојуз го казни Клас-Јан Хунтелар, напаѓачот на Шалке, дури со шест натпревари суспензија поради исклучувањето на натпреварот против Хановер.

Холандскиот репрезентативец заработи директен црвен картон по бруталниот старт над противничкиот играч Мануел Шмидебах во завршницата на средбата, која Шалке ја доби со 1-0.
„Шест натпревари забрана за Хунтелар. Шалке не ја прифаќа таквата казна“, објави на својот профил на „Твитер“ клубот од Гелзенкирхен, кој веќе поднел жалба на одлуката на Германскиот фудбалски сојуз.
Шалке, кој овој месец ќе се сретне со Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, моментно се наоѓа на четвртото место на табелата на Бундеслигата.
Хунтелар оваа сезона одигра 17 од 18-те првенствени натпревари, на коишто постигна седум голови.

Најнови вести