Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2014

Хамбургер го доведе Клебер

Германскиот фудбалски бундеслигаш Хамбургер го ангажира бразилскиот дефанзивен играч Клебер од Коринтијанс, со кого потпиша договор на три години.

Талентираниот 23-годишен Клебер успешно ги помина лекарските прегледи, а се проценува дека трансферот изнесува околу три милиони евра.
„Тој е млад играч и може да биде уште подобар. Наша задача е да го интегрираме што е можно побрзо“, изјави тренерот Мирко Сломка пред првенствениот натпревар против новакот Падерборн во сабота.
Хамбургер е единствениот клуб кој никогаш не испаднал од Бундеслигата.
Шесткратниот германски шампион и шампион на Европа и на светот во 1983 година минатата сезона со тешки маки избегна да испадне во понизок ранг.
Хамбургер во двомечот на плејаутот беше поуспешен од Гројтер Фирт благодарение на голот постигнат во гости (0-0, 1-1).

Најнови вести