Корисничко име Лозинка Пријави се
16.11.2017

Жо јунак на Коринтијанс за седмата круна

Коринтијанс е новиот шампион на Бразил откако со победата на домашен терен со 3-1 против Флуминенсе и математички стана недостижен за Гремио од Порто Алегре.

Гремио со победата над Сао Пауло ги притисна „црно-белите“, а кога Енрике уште во втората минута ги доведе гостите во водство, не им беше лесно на домашните навивачи. 
Флуминенсе на паузата замина со минимална предност, но потоа на сцена стапи јунакот на натпреварот, некогашниот напаѓач на ЦСКА Москва, на Манчестер сити и уште на некои клубови – Жо. Тој уште на стартот на второто полувреме донесе изненадување, а целосен пресврт направи во 49-тата минута. Прославата почна уште тогаш, а конечниот резултат за големото славење го донесе Жадсон на пет минути пред крајот на натпреварот.
На овој начин, Коринтијанс на три кола пред крајот, се стекна со предност од десет бода во однос на Гремио и со тоа ја обезбеди седмата титула во бразилскиот шампионат, прва од 2015 година.

 

Најнови вести