Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2015

Коринтијанс владее со Бразил

„Црно-белите“ пред полни трибини го совладаа Сао Пауло со 6-1, а веднаш потоа на новиот бразилски шампион му беа врачени пехар и медали.

До крајот на сезоната во Бразил останаа уште две кола, но првакот веќе се знае, Коринтијанс со победата над градскиот противник Сао Пауло со 6-1 ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Атлетико Минеиро.
Коринтијанс на 36 натпревари освои 80 бодови и ја обезбеди шестата титула, а воедно и прва по 2011 година.
По завршувањето на натпреварот беа доделени пехар и медали, а трофејот му беше врачен на капитенот на Коринтијанс, Ралф де Соуза, а честа ја имаше легендарниот Роналдо.

Најнови вести