Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
04.6.2018

Нејмар ја „измеша“ Хрватска на „Енфилд“

Фудбалската репрезентација на Бразил ја победи Хрватска со 2-0 во пријателскиот натпревар на „Енфилд роуд“ во Ливерпул.

Бразилците славеа со головите на Нејмар во 69-тата и на Роберто Фирмино во 93-тата минута.
Нејмар го одигра само второто полувреме по паузата од четири месеци поради повреда, но постигна одличен гол и покажа дека е подготвен за Светското првенство.
Првата ѕвезда на ПСЖ ја прими топката на работ од казнениот простор, влезе во него и помина тројца хрватски фудбалери, а потоа ја испрати топката под пречката на голманот и со тоа покажа дека повредата ниту малку не го уназадила.
Тој вчера го одигра првиот натпревар од февруари, кога играјќи за ПСЖ против Марсеј го повреди десното стапало. На најскапиот фудбалер во историјата му беше извршена операција на почетокот на март и оттогаш закрепнуваше.
Вториот гол на Бразилците беше дело на Роберто Фирмино, кој при крајот на натпреварот го лобуваше голманот Даниел Субашиќ.
Бразил во Русија прво ќе игра против Швајцарија, потоа против Костарика и на крајот од групната фаза против Србија, на 27-ми јуни во Москва.
Хрватска игра во групата Д со Аргентина, Исланд и Нигерија.

 

Најнови вести