Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2018

Пресврт на Швајцарија против Србија

По водството на Србија на полувремето, Швајцарија во вториот дел од натпреварот дојде до целосен пресврт.

Првото полувреме беше во знакот на Србија, која рано поведе со голот на Александар Митровиќ. Потоа Србите малку се повлекоа, но штом Швајцарија им се закани, тие продолжија со нападите.
Душан Тадиќ со одличен центаршут го пронајде Митровиќ, кој само 30 секунди пред голот имаше добра шанса. Овој пат Зомер не можеше да го зачува својот гол.
Србија имаше уште две добри шанси до полувремето за да го удвои водството. Прво одлично шутираше Душан Тошиќ, а во самиот финиш на натпреварот Душко Тошиќ и Немања Матиќ ја испуштија шансата уште еднаш да го матираат Зомер.
Почетокот на второто полувреме донесе изненадување. Топката дојде до Гранит Џака на околу 20 метри од голот од левата страна, а неговиот удар беше силен и прецизен.
Србија по голот за изедначување на Швајцарија, беше оштетена за пенал. Митровиќ во казнениот простор одеше на скок по центаршутот на Тадиќ, а двајца играчи на ривалот го соборија во стилот на НЛФ. Судијата Брих досуди фаул во напад и не размислуваше да ја прегледа снимката за да види што се случувало.
Швајцарците направија целосен пресврт со погодокот од брза контра на Џердан Шарќири во 89-тата минута.
По две одиграни кола, Србија се наоѓа на третото место и има три бода, Бразил е прв со четири, колку што има и Швајцарија (подобра гол-разлика), а Костарика е без бодови.
Во третото коло Србија ќе игра против Бразил, а Швајцарија против Костарика. Двата натпревара на програмата се на 27-ми јуни (среда) од 20 часот.

Најнови вести