Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2018

Лука Модриќ е најдобриот играч на Мундијалот

Светското првенство во Русија, 21-во по ред, заврши вчера, а покрај доделувањето на медалите на учесниците во финалето, доделени се и наградите на најдобрите поединци.

Најдобар стрелец на шампионатот е Хари Кејн, репрезентативецот на Англија, кој постигна шест гола на шест одиграни натпревари.
Најдобар голман на шампионатот е чуварот на мрежата Тибо Куртуа, кој со Белгија го освои третото место на Мундијалот.
Наградата за најдобар играч на Светското првенство ја доби Лука Модриќ, капитенот на Хрватска.
Килијан Мбапе е најдобриот млад играч на првенството, тинејџерот кој многу ѝ помогна на Франција за да дојде до светскиот трон.
Наградата за фер плеј ја доби репрезентацијата на Шпанија.
Во одличното финале кое се одигра во Москва, на стадионот „Лужники“, Франција ја совлада Хрватска со 4-2 и со шесте гола е заокружено најефикасното Светско првенство во историјата на кое се постигнати 58 погодоци.
Пофалби за домаќинот на шампионатот стигнаа од сите страни, а, секако, меѓу најважните е онаа која на Русија ѝ ја упати Џани Инфантино, претседателот на ФИФА.

Најнови вести