Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

Политика или не, Бехрами исфрлен од репрезентацијата

Се најавува дека Петковиќ ќе избрише уште тројца до четворица

Селекторот Владимир Петковиќ, одлучил да им се заблагодари на четворица долгогодишни репрезентативци на Швајцарија, и веќе нема да смета на нив во претстојниот период. Тоа се Јохан Џуру, Желсон Фернандес, Стефан Лихштајнер, Ваљон Бехрами, можеби и Блерим Џемаили. 
На Бехрами, кој има 33 години и настапил на четири светски првенства, одлуката му падна тешко, и смета дека не е донесена само од фудбалски причини. Фудбалерот на Удинезе, за Швајцарија одигра 83 меча и даде два гола. 
„Петковиќ ме повика, мислев дека сака да се видиме и нормално да разговараме, а тој ми ја затвори вратата. Селекторот има право да каже што сака, но очигледно ова е политичка работа. Проблемот е што за некои работи одлучуваат луѓе кои не играле фудбал“ – изјави Бехрами, кој потоа на „Твитер“ објави дека неговата репрезентативна кариера е готова. 
За некои од швајцарските медиуми, причината за неговото исфрлање од националниот тим е што има „преголема моќ“ во соблекувалната. Петковиќ тврди дека станува збор за тактичка одлука, а од швајцарската фудбалска федерација сметаат оти не е исклучување од репрезентацијата, туку дека селекторот и Бехрами разговарале за иднината на играчот.

 

Најнови вести