Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

„Ладен туш“ за Ѓорѓевиќ: По Јокиќ, и Теодосиќ и Марјановиќ нема да играат во септември

Од потенцијалната НБА-петорка, селекторот на Србија остана без тројца клучни играчи за средбите против Грција и Естонија

Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, имаше големи очекувања откако го најави списокот кошаркари за квалификациските дуели за СП против Грција и Естонија. На списокот се најдоа и најголемите ѕвезди кои настапуваат во НБА-лигата, но европскиот вицепрвак, сепак, нема да смета на Милош Теодосиќ и Бобан Марјановиќ.

Оваа одлука ја донел генералниот менаџер на ЛА клиперс, Лоренс Френк, кој им забранил на српските интернационалци да се приклучат на својата селекција во септемврискиот прозорец, туку да се фокусираат на претсезонските подготовки со клубот.

Претходно ѕвездата на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, истакна дека нема да игра за Србија, па така Ѓорѓевиќ ќе има задача што поскоро да најде замени за овие тројца. Поради повреди, недостапни за селекцијата се Бирчевиќ и Кузмиќ.

Србија на 13-ти септември ќе игра против Грција во Ираклион, а три дена подоцна ја пречекува Естонија.

Најнови вести