Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2018

Матиќ опериран, го пропушта стартот на сезоната

Немања Матиќ, српскиот фудбалски репрезентативец од Манчестер јунајтед, ќе го пропушти почетокот на Премиер лигата бидејќи му е извршена операција.

Жозе Мурињо, менаџерот на Јунајтед, по поразот од Ливерпул (4-1) на американската турнеја, изјави дека Матиќ се здобил со повреда на стомакот на Мундијалот во Русија и дека нема да смета на него на стартот на сезоната.
„Матиќ по Светското првенство и по одморот, директно отиде на операција, нешто му се случило во Русија. Мораше да оди на операција и ќе го пропушти почетокот на сезоната. Одморот по Мундијалот не беше доволен да закрепне и да го реши проблемот. Не знам колку долго ќе биде отсутен“, изјави Мурињо за клупската интернет-страница.
Матиќ на Светското првенство во Русија ги одигра сите три натпревари по 90 минути во групната фаза за Србија - против Костарка (1-0), Швајцарија (1-2) и Бразил (0-2).

Најнови вести