Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Ромарио се кандидираше за гувернер на Рио

Изборите за гувернер се на 7 октомври

Поранешниот фудбалер, Ромарио, ја официјализираше својата кандидатура за гувернер на Рио де Жанеиро. Ромарио во политиката влезе во 2010 година, кога беше избран за пратеник во неговата родна сојузна бразилска држава Рио де Жанеиро, а во 2014 направи чекор напред и влезе во Сенатот, каде што е и до ден денеска. Сенаторот Ромарио сега има амбиција да стане и гувернер, а поранешниот фудбалер кој се прослави во Барселона и репрезентацијата, смета дека ја има потребната храброст за да се нафати на таква позиција. Најголем проблем во Рио е безбедноста и гувернерот треба да ја предводи битката со криминалците. 
Изборите се на 7 октомври, а во Бразил ќе се гласа за гувернери на 27 сојузни држави.
„Се наоѓаме во многу деликатен момент, јавната безбедност е на ниско ниво. Ги знам проблемите и имам храброст да се борам. Многумина мислат дека не сум интелегентен или дека немам искуство. Јас не ни сакам да бидам како претходните гувернери, кои сега се по затвори за корупција. Поминав 25 години со топката во нозе, парите ги заработив со труд и пот, не сум земал јавни пари“ – рече Ромарио пред своите партиски колеги од центристичката партија „Подемос“.

 

Најнови вести