Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Познати „фаци“ од ЕП во Полска ќе играат за младите Срби против Македонија

Младата репрезентација на Србија е лидер во седмата квалификациска група и на следниот меч со нашата репрезентација ќе ја предводат добро познати „фаци“ што играа и на претходното ЕП во Полска

Селекторот на младата репрезентација на Србија, Горан Ѓоровиќ се потпре на надежни, но веќе и искусни интернационалци за следниот квалификациски меч против Македонија на 7-ми септември во Нови Сад.
Има доста играчи кои настапуваа и во претходниот циклус и кои играа против нашата репрезентација во Бидгошч, на Европското првенство во Полска. Ги предводи големата надеж на српскиот фудбал, Марко Грујиќ, кој сега е член на Бундеслигашот Херта, а играше и за Ливерпул.
Од „Полјаците“, против нас и на 7-ми септември ќе играат и Милан Гајиќ и Вукашин Јовановиќ, двајцата од Бордо, Мирослав Богосавац од Чукарички, Лука Аџиќ, кој е член на Андерлехт, Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт и Иван Шапоњиќ, фудбалер на Бенфика.
Србите имаат екстра квалитетен состав, нè победија на првиот меч во Скопје со 2-0, а и сега се големи фаворити за победа и за зацврстување на првото место на табелата, што гарантира настап на ЕП во Италија и Сан Марино, следната година. Србија по шест одиграни натпревари во нашата груп, е првопласирана со максимални 18 бода, а Македонија е последна, заедно со Гибралтар, со по 3 бодови.

 

Најнови вести