Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Србија сепак, со само четворица НБА играчи ќе игра во септември

Селекторот Ѓорѓевиќ во конфузија, не му е јасно зошто некои репрезентативци не одговараат на повикот на националната селекција

Европскиот вицешампион, кошаркарската репрезентација на Србија, ќе биде без една од НБА ѕвездите во квалификацискиот прозорец за СП 2019 кој се игра во септември. Според српските медиуми, Никола Јокиќ нема да настапи за „орлите“ против Грција и Естонија, а селекторот Ѓорѓевиќ очигледно е лут на одлуката на членот на Денвер.

„Не ми е јасно зошто некои играчи не сакаат да играат за репрезентацијата во овој период. Не гледам причина зошто некој би кажал „не“. Договорите со клубовите се потпишани, одморите завршија, сите се со мирни глави и рестартирани сили. Преферирам да ги видам тука пред мене, отколку тие нас да нѐ гледаат преку ТВ екраните. Не е обврска, но, некои играчи очигледно имаат повеќе желба да го носат националниот дрес од другите. Во вторник ќе разговарам со генералниот менаџер на ЛА клиперс, околу ситуациjaта со Теодосиќ и Марјановиќ. Од клиперси очекуваат да ги штедиме Тео и Боби, а јас потенцирав и претходно дека ќе водиме сметка. Значи, веќе во среда ќе знам кои 16 играчи ќе ми бидат на располагање. Јокиќ сам одлучи да не игра“, истакна Ѓорѓевиќ.

Во селекцијата се очекуваат присуствата Бјелица, Богдановиќ, Теодосиќ и Марјановиќ, па така Срија ќе има четири НБА играчи во ростерот за мечевите против Грција (13-ти септември) и Естонија(16-ти септември).

Најнови вести