Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2018

Одлични вести: Хендрикс ќе игра за Македонија против Косово и Романија

Американецот со македонски пасош во последен момент дојде да ѝ помогне на репрезентацијата во пресрет на двете важни пресметки.

Kошаркарската репрезентација на Македонија добива значително засилување во пресрет на дуелите со Косово и Романија, натурализираниот Американец Ричард Хендрикс се согласи да ѝ помогне на нашата селекција и ќе биде на располагање кај селекторот Јорданчо Давитков.

Иако при почетокот на подготовките беше најавено дека Хендрикс нема да може да игра поради семејни проблеми, но, очигледно сѐ е во најдобар ред , па Американецот добил зелено светло од неговиот клуб одново да го облече нашиот национален дрес и да ѝ помогне на Македонија да ги оствари потребните позитивни резултати со кои ќе можеме да се пласираме за квалификациите за ЕП 2021.

Првиот дуел се игра во четврток,13-ти септември, а нашата репрезентација патува за Приштина, каде што ќе го одигра мечот против Косово, додека три дена подоцна на наш терен ќе ја пречекаме селекцијата на Романија.

Најнови вести