Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2018

Дреновац повторно ќе игра во АБА, потпиша за Морнар Бар

Уште еден поранешен „аеродромец“ во редовите на црногорскиот шампион

Српскиот интернационалец Ѓорѓе Дреновац кариерата ја продолжува во тимот на Морнар Бар. Поранешниот член на МЗТ Скопје ќе игра покрај „ексаеродромецот“ Урош Луковиќ, неговиот сонародник со кого заедно ја освоија титулата во Суперлигата во сезоната 2015/16.

Дреновац го напушти Скопје во 2017 година, откако му помогна на тимот од Аеродром да ја одбрани титулата, а потоа потпиша за бундеслигашот Мителдојчер, а само по една година одлучи да се врати на Балканот и да настапува во регионалната лига АБА, како и Еврокупот.

 

Најнови вести