Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Езерџиите го раскинаа договорот со Луол Денг

Искусниот Британец го напушти Лос Анџелес по две години

Раководството на ЛА лејкерс се согласи да ја соработката со Луол Денг, Британецот се откажа од 7.5 милиони долари за да стане слободен агент и што побрзо да најде нов ангажман во најсилната кошаркарска лига.

Лејкерси ослободуваат буџет за следната сезона со цел да можат да преговараат со максимален договор за да донесат нова ѕвезда покрај Леброн Џејмс. Следното лето ќе има доста квалитетни слободни агенти како Кевин Дурант, Клеј Томпсон, Кемба Вокер, кои се сметаат за потенцијални засилувања на 16-кратниот НБА шампион.

Денг во 2016 година потпиша четиригодишен договор со тимот од Лос Анџелес во вредност од 72 милиони долари, но речиси да немаше никаков допринес за клубот, откако минатата сезона беше стартер на само еден меч додека во сезоната 2016/17 одигра 56 натпревари.

Најнови вести